
Папата Франциско ја осуди денеска евтаназијата, истакнувајќи дека „лажно чувство на сочувство“ е да се смета евтаназијата достоинствен чин, а всушност е грев против Господ и создавањето.
Папата говорејќи пред Здружението на италијанските католички лекари исто така го осуди и абортусот, и вонтелесното оплодување, како и истражувањето на матични клетки.
– Тоа е играње со животот – рече Папата и додаде оти тоа е „грев против создавателот, против Господ создавачот“.
Папата Франциско ги повика лекарите да преземат храбри одлуки и да го поддржат учењето на црквата за достоинството на животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


