| четврток, 6 декември 2018 |

Веспрем не подлегна на вулканот во „Јане Сандански“ во првото полувреме

Во првото полувреме во Скопје во рамките од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Веспрем во преполната арена „Јане Сандански“ Веспрем води со 13-11.
Гигантот од Унгарија не подлегна на атмосферата од преполната сала во која нема место ни игла да се фрли.
Гостите одлично го започнаа натпреварот направија резултатска разлика од 3-4 гола и со смирена игра во нападот о цврста одбрана не дозволуваа резултатски приклучок. „Црвено-црните“ мака мачеа со реализацијата и Раул Гонзалес мораше рано да побара тајм-аут. Тоа вроди со плод иако третиот гол го постигнаа откако Веспрем имаше исклучено играч на две минути во 13 минута.

vardar-2

Во периодот од тогаш па се до 23 минута вардарци успеаја да дојдат до резултат 8-8 брагодарение на неколкуте одлични одбрани на Штербик и контрите на Дибиров и Шишкарев. До крајот на првиот дел на моменти и грубата игра на Веспрем вроди со плод избраниците на Антонио Ортега се одлепија и на полувреме заминаа со два гола разлика.
Штручниот штаб на Веспрем одлично ја прочитаа играта на Вардар и не дозволија бековите на Вардар да земат залет. Карачиќ е најзабележителен во нападот со четири гола, а првите три гола за Вардар ги постигна Дибиров од кој еден од пенал. Момир Илиќ и Кристијан Зајц кај гостите забележаа по четири погодици, а Миклер Роланд на голот седум одбрани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top