| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ конечно загуби сет, но пак ќе игра финале за хет-трик во Лондон

Новак Ѓоковиќ конечно загуби еден сет на Мастерс купот во Лондон, против Кеи Нишикори, но и тоа не го сопре најдобриот тенисер да се пласира во финалето и да игра за хет-трик на завршните турнири во сезоната.

Со 2-1 во сетови Ѓоковиќ пак си обезбеди пласман во завршницата, а противник ќе му биде подобриот од швајцарското дерби меѓу Роџер Федерер и Станислас Вавринка, меч што ќе се игра од 21 часот.

BNP Paribas 2014 Masters Tennis Tournament

Ѓоковиќ ги доби сите три натпревари во фазата по групи со резултат од 2-0, со што го потврди првото место на светската ранг-листа. Во Лондон Србинот славеше лани и една година претходно, па сега има шанса за трета едноподруго титула во главниот град на Англија, или четврта вкупно на Мастерс купот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top