Не престануваат манипулациите на Бранко Героски. Не може, а повторно да не се заклучи дека преку неговите медиуми, односно медиумите финансирани од еден странски извор, сака, односно мора да изврши задача за (не)познат нарачател.
Целата операција се одвива по ист принцип. Се пласира документ преку плејадата сестрински медиуми под иста финансиска контрола. Потоа, со умисла, тој вади од контекст изјава, креира сензационалистички наслов, со што ја манипулира јавноста во насока на целите, односно за агендата на нарачателот, а попатно, секако ако успее, и да ја поткрене читаноста на неговите медиуми.
При тоа Героски, и покрај сите прозивки до сега за неговото нанесување на штета на интересите на Република Македонија, продолжува да ја игнорира државната позиција за темата со која манипулира- наметнатиот процес во ООН заради грчкото негирање на сè што е македонско. Героски потполно го негира фактот дека постои изградена и јасно декларирана државна позиција со која се настапува во тој наметнат процес. Позиција која постојано е повторувана и нагласувана и која недвосмислено ја ужива поддршката на јавноста.
Владата на Република Македонија нема да прифати било какво решение кое може да ги загрози македонските национални културни јазични особености, ниту промена на Уставот на Република Македонија со цел промена на уставното име. Воедно, секое решение апсолутно мора да биде предмет и да добие поддршка од мнозинството на национален референдум.
Ова е позицијата на Република Македонија. Доколку Героски до сега не ја слушнал или не ја доживува како позиција. Героски (онака како што наведува во своите колумни), вели дека не разбира што тоа тој предизвикува, задскривајќи се зад слободата на медиумите и јавно искажаниот збор. Героски отворено го злоупотребува медиумскиот простор и со манипулациите во јавноста отворено ја одработува грчката агенда.
Тој го дефокусира вниманието од нелегалната блокада од Грција во меѓународните институции, обидувајќи се да креира впечаток на разединетост кај македонската јавност по клучното стратешко прашање, наспроти грчката обединетост околу нивната позиција. Героски и неговите нарачатели тоа го прават во идеално време, кога Атина има потреба да го дефокусира вниманието кај другите држави- членки од себе и нејзините нелегални дејствија во однос на Република Македонија.
Вистинското прашање е зошто Героски го прави тоа, кога е свесен дека малициозно смислил уште една валкана манипуација? Во чиј интерес е сето тоа и за каква агенда работи?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


