Германската канцеларка Ангела Меркел го губи трпението за рускиот претседател Владимир Путин и тоа не може да се предвиди , оценува германскиот политички неделник „Шпигл“ во текст посветен на самитот на шефови на држави или влади Г-20 во австралискиот град Бризбејн.
– Меркел јасно, како ретко кога досега, ги критикува руските експанзионистички тенденции…-пишува неделникот и додава дека „долгогодишните односи меѓу Меркел и Путин се повеќе се влошуваат“.
Во текстот се опишува односот помеѓу Меркел и Путин и дека се познаваат како малку кој од политичарите собрани на самитот Г-20 и дека таа има „стартна предност“ пред останатите политчари кога се работи за разбирање на Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


