Клаудио Раниери доби отказ и не е повеќе селектор на Грција по резилот со Фарски острови, а на пат да му се приклучи е и Дик Адвокат, холандскиот стручњак, кој ја предводи Србија.
Вчера големиот аутсајдер Фарски острови приреди сензација во Атина со победа над некогашниот европски првак со 1-0, што ги принуди Грците да му врачат отказ на Раниери. Грција е последна во Ф групата по 4 кола со само еден бод.
Блиску до заминување е и Адвокат, селекторот на Србија. Тој изјави дека сериозно размислува да понуди оставка, по дебаклот на Србите против Данска во Белград. Домаќините пред празни трибини поради казна, водеа со 1-0, но Бентнер со два гола и Кјаер со еден погодок и донесоа победа на Данска. Србија го дели последното место со Ерменија во И групата за пласман на ЕП во Франција 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Антонио Апостолски, адвокат на Мијалков: Недозволиво е странката да не е известена дека за неа се бара мерка притвор
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил



