| четврток, 6 декември 2018 |

Манчини се врати во Интер, Мацари си замина

Роберто Манчини се врати во Интер, како тренер на трофејниот италијански и европски гигант, откако отказ доби Валтер Мацари. Манчини имаше успешна епизода во редовите на „нероаѕурите“, а сега ќе мора да најде рецепт за слабите игри и резултати на клубот.

„Неговите резултати, како во Интер, така и во Манчестер сити доволно говорат за квалитетот што го поседува. Неговото искуство и желбата за нови успеси ќе го кренат Интер на едно многу повисоко ниво. Воопшто не се сомневам во тоа“, го образложи изборот, сопственикот на Интер Ерик Тохир.

Mancini

Интер по 11 кола во Серија А се наоѓа на деветтата позиција со 16 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top