| четврток, 6 декември 2018 |

Видео кое го расплака светот – за неколку дена ја загубил сопругата и детето

141114094.2_mn

Музичарот Крис Пико за само неколку дена ја загубил сопругата и нивното штотуку родено дете. Ешли Пико (30) починала по царскиот рез во болница во Калифорнија, а четири дена подоцна починал и нивниот син Ленон.

141114094.3_mn

Видето во кое Крис му пее и свири на гитара на својот син песна од Битлси го обиколи целиот свет, а за само два дена го прегледале повеќе од пет милиони луѓе.

141114094.4_mn

– Мојата сопруга, мојот најдобар пријател и мајка на мојот син починаа. Имам цел живот за да жалам поради оваа загуба, а благодарен сум што имав четири дена да ги минам со син ми. Бев благословен бидејќи имав прилика да го сакам уште пред да се роди, додека мајка му го носеше во стомакот и потоа го запознав, држејќи го неговото мало тело. Засега си рековме збогум – изјави Крис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top