| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се доисплатат субвенциите за земјоделците

zemjodelci-520x313

Од следната недела ќе започне доисплата на земјоделските субвенции кон сите приматели кои ги исполнуваат условите од законот. Премиерот Никола Груевски тоа им го соопштил на претставниците на земјоделските здруженија на денешната средба во Владата, а тие ја поздравиле владината одлука.

На средбата присуствувале Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците, Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци, Никола Стаменов, претседател на Федерација на фармери и Ставре Јанев, претседател на Синдикатот на земјоделците, како и заменик-министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

– Соговорниците разговараа за доисплатата на земјоделските субвенции за кои постоеја определени предизвици кои беа предизвикани од процедурални и технички причини. Претседателот на Владата истакна дека на минатата владина седница беше  разговарано за оваа тема, при што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираше дека се надминати процедуралните и технички предизвици и дека предметите се комплетирани. Премиерот Груевски ги информираше претставниците на земјоделците дека врз основа на оваа информација Владата одлучи од следната недела да се започне со доисплата на овие субвенции кон сите приматели кои ги исполнуваат условите од законот, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top