Германија успеа да се избори за прво место, пред САД и е прогласена за најдобра земја во светот, судејќи според истражувањето кое за релевантни ги зема мислењата на аутсајдерите како ги перципираат другите нации, пренесува „Индипендент“.
Америка минатите пет години беше на чело на оваа листа која се прави на основа на интервјуа од преку 20 илјади лица од 20 земји во светот.
Велика Британија е на 3. место, а потоа следата Франција и Канада.
Студијата тврди дека го прикажува „глобалното јавно мислење“, а од учесниците се бара да рангираат 50 развиени земји и земји во развој врз основа на 23 различни атрибути.
Со комбинирање на овие атрибути, доаѓаме до сликата за една нација.
– Германија профитирање не само поради спортскиот успех во фудбалот, туку и поради перцепцијата дека таа е водич во Европа за еконономија и политика. од друга страна, интернационалните настани во Русија и Египет доведоа до тоа на САД да и се доделат пониски оценки за „глобалниот мир и сигурност“. Германија забележа високи оценки кога се во прашање искрената и компетантната влада, инвестициска клима и општествената еднаквост – изјави Симон Анхолт, независен советник кој учестувал во извештајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.