
Приведен е мажот кој со пиштол во раката се закануваше пред Владата на Србија, јавуваат медиумите на таа земја.
Неидентификуван маж вооружен со пиштол, кој утринава околу 10 часот дошол пред зградата на Владата на Република Србија, заканувајќи се дека ќе се самоубие, четириесет и пет минути подоцна и се предал на полицијата, пренесува српски Курир.
Иако не испукал ниту еден куршум, неименуваниот маж неконтролираномавтал со пиштолот, вперен кон зградата на Владата. Во моментот кога одлучил мирно да и се предаде на полицијата, тој го фрлил пиштолот кон полицијата, но оружјето паднало на земјата. За среќа никој не бил повреден, а во истиот момент напаѓачот бил повлечен во зградата на Владата.
Според неофицијални информации станува збор за маж на возраст од околу четириесет години, кој најверојатно е воен пензионеркон кој државата има голем неподмирен долг од неверојатни милион динари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


