| четврток, 6 декември 2018 |

На Скопје му треба мајка, не татко

gabrielaarsovamilosevskaГабриела Арсова-Милошевска се кандидираше за градоначалник на Скопје, пренесува Нова Македонија.  Tаа е претседател на политичката партија Републиканска алијанса. Арсова-Милошевска е доктор на технички и политички науки, сопруга и мајка. Според Арсова-Милошевска, на Скопје му е потребна мајка, бидејќи татковците доволно се истакнале.

 – Родена, растена и образована сум во нашето Скопје. Тука ги доживеав сите најзначајни моменти од животот, од првата љубов до оформувањето на семејство и професионалното надградување. Верувам дека на скопјани ќе им се допадне она што ќе им го понудам како програма за развој на градот во иднина, за што во голема мера имам поддршка од оние што ме познаваат. Го сакам мојот град и верувам во едно обединето и просперитетно Скопје, кое понатаму ќе служи како пример за целата држава. Со мојата кандидатура за градоначалник на Скопје всушност и пошироко ја промовирам мојата партија Републиканска алијанса – вели Арсова-Милошевска, пренесува Нова Македонија.
Арсова-Милошевска на локалните избори оди без свои советнички листи, бидејќи како што вели, сигурна е дека може да го води и менаџира Скопје со советници од која било партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top