| четврток, 6 декември 2018 |

700.000 турски лири за сметките за струја на Ердоган

655-402-dvorec-erdogan

Новиот претседателски дворец на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган продолжува да предизвикува скандали. Овој пат во центарот на вниманието е струјата што се троши во зградата.

Пратеникот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Јумит Оран, упатил парламентарно барање до министерот за енергитика, Танер Јилдиз, во кое бара да се испита дали претседателската палата нелегално користи електрична енергија, откако е нелегално изграден и дали месечната сметка за струја ќе биде платена од даночните обврзници.

Сметката на палатата се пресметува на околу 700.000 турски лири (312.000 долари).

Палатата е во центарот на жестоки дискусии, откако Ердоган ги игнорираше серијата од судски налози за запирање на изградбата, затоа што  е изградена во заштитена зона на Анкара. По судската одлука во март Ердоган, кој тогаш уште беше премиер, изјави:

– Нека јауништат, ако имаат доволно моќ. Јас ќе ја отворам и ќе се сместам во неа.

Во врска со законитоста на изградбата, вчера претседателството соопшти дека сите правни процедури што се однесуваат на изградбата се завршени и се претставени документи, кои ја потврдуваат нејзината легалност.

Неодамна министерот за финансии Мехмет Шимшек соопшти  дека претседателската палата чини преку 600 милиони долари.

Анкарскиот разгранок на Комората на архитекти во Турција, соопшти дека во соседството на дворецот од 1.000 соби, претстои изградбата и на нова резиденција за претседателот со 250 соби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top