Ноќеска се одигра пријателски натпревар меѓу Уругвај и Костарика. Натпреварот заврши 3-3, а победникот беше решен по изведување пенали по кои се радуваа Kостариканците. Во репризата од првото коло на Светското првенство, повторно Уругвај остана со кратки ракави.
Натпреварот го обележи враќањето на Луис Суарез во репрезентативниот состав и веднаш се запиша во листата на стрелци. Подоцна тој погоди и од белата точка во пенал-рулетот.
По неколкуте одиграни натпревари за Барселона по суспензијата, Суарез сѐ уште се нема запишано во листата на стрелците, но со овој погодок за националниот состав докажа дека не заборавил да игра фудбал.
Последниот клупски гол го постигна во мај, за неговиот поранешен тим Луверпул против Кристал Палас (3-3).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



