| четврток, 6 декември 2018 |

Позната манекенка пронајдена мртва во када

Чешката манекенка Катерина Нетолицка (26), која, меѓу останатите, работела на кампањи за „Прада“ и „Лореал“,  е пронајдена мртва во својот стан, во кој живеела со момчето Јакуб Петрузалек (29), познат чешки хокејар, пренесува „Јутарњи лист“.

Покрај манекенката, кој лажела во кадата, се пронајдени и труповите на нејзините две кучиња. Познатата двојка, која била во врска пет години, живеела во стан во Литвинова, на северозапад на Чешка.

1415881943638_wps_8_Pic_shows_Top_model_Kater

Во времето на трагедијата Јакуб Петрузалек се наоѓал во Русија, каде што игра хокеј за клубот Автомобилист од Јекатеринбург. Телото на Нетолицка го пронашол нејзиниот брат, кој дошол да ја побара бидејќи не му одговарала на телефонските повици.

Катерина Нетолицка манекенската кариера ја почнала пред десет години, а исто така се занимавала и со кикбокс. Минатиот месец го освоило чешкото првенство.

Нејзините пријатели тврдат дека страдала од депресија и дека често прибегнувала кон самоповредување.

Полицијата не можела веднаш да ја утврди причината за смртта, па се чекаат резултатите од обдукцијата.

Според пишувањето на чешките медиуми, Катерина и Јакуб планирале венчавка и потомство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top