Колку и да е убаво не е лесно да се биде тинејџер, а ниту родител на адолесцент. Во овој период односот помеѓу мајките или татковците и до синоќешните добри деца често станува напнат. Меѓутоа, ова е ситуација во која воздрасните би требало да се покажат зрели и мудри и секогаш да знаат да избројат до десет.
Затоа, колку и да ве нервира хаосот кој децата го оставаат позади себе, нивното променливо расположение и желбата да самуваат во собата, наместо со вас да гледаат телевизија, потрудете се да ги разберете. Психолозите советуваат дека сомничавоста не се решава така што ќе глумите „дежурен полицаец“ и да ги пратите тинејџерите.
Наместо тоа, поставете се како пријател, разговарајте со нив на исто ниво, ценете го нивното мислење, раскажувајте им за своите искуства и откријте им ги грешките кои сте ги правеле вие во тоа време, а кои скапо ве чинеле. Доколку вие го направите првиот чекор, децата ќе ви возвратат.
Еднаш кога ќе ја стекнат довербата во вас и ќе сфатат дека од вас немора да ги кријат тајните, ниту да се кријат, тогаш ќе може да заборавите на „шпијунажата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.