| четврток, 6 декември 2018 |

САД: ХИВ- вирус лечи рак

1.15587 C0036044-Cell_infected_with_HIV,_SEM-SPLАмерикански лекари успеаја пациент заболен од рак да го излекуваат со помош на ХИВ-вирусот. 30-годишниот Маршал Јенсен од американската држава Јута, женет и татко на едно дете, заболел од акутна лимфобастична леукемија во 2012 година и изминатите две години трагал за ефикасен лек. Спас пронашол на клиника во Пенсилванија каде како еден од 30 пациенти бил на експериментална програма со користење ХИВ, вирус кој предизвикува Сида.

Третманот подразбира на пациентот да му се дадат бели крвни зрнца со деактивиран ХИВ кои потоа уништуваат клетки на рак. Јенсен одлично реагирал на таа терапија и целосно е излекуван. Од 30 пациенти кои учествувале во лекувањето, 23 се се уште живи, а 19 излекувани. Врската меѓу ХИВ и леукемијата е откриена во 2006 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top