| четврток, 6 декември 2018 |

Јахјага со ултиматум за излез од кризата

јахјагаПретседателката на Косово, Атифете Јахјага упати ултиматум до политичките партии да постигнат договор за излез од политичката криза, во која земјата западна по јунските вонредни парламентарни избори. Таа смета дека оваа состојба не може да трае бесконечно и оти е крајно време лидерите на политичките партии да се договорат.

Арбр Влахиу, советик на Јахјага за односи со јавноста, за весникот „Експрес“ вели дека е крајно време политичките лидери да гледаат подалеку од сопствените интереси. Според него, закочените процеси за формирање на новите инситуции продолува да го попречува функционирањето на државата и го оневозможува нејзиното меѓународното консолидирање.

– Поради тоа крајно време е политичките лидери да гледаат подалеку од нивните интереси и да ја надминат секоја пречка и да се формираат стабилни инситуции, засновани врз уставните одредби и начела за да го почитуваат уставниот поредок на земјата и нејзините меѓународни обврски, изјави Влахиу.

Јахјага, според него, бара од политичките лидери да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и еден на друг да понудат можност за дијалог и компромис и во интерес на граѓаните на Косово да ја извлечат земјата од оваа состојба на стагнација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top