| четврток, 6 декември 2018 |

Детали на МВР за измамата на Скопскиот фестивал (ВИДЕО)

Во врска со вчерашниот избор на песна за Евровизија, од МВР соопштуваат дека добле оперативни информации дека од страна на организирана група се планира местење на резултатите за избор на првите три места на музичкиот „Скопски фестивал 2014“ каде како награди се предвидени вкупно 45.000 евра, средства обезбедени од Министерството за култура. За горенаведеното навремено беше известен надлежниот ЈО при што по превземени оперативно тактички мерки потврдени се првичните сознанија дека осомничените лица превземаат конкретни дејствија во насока на извршување на кривичните дела злосторничко здружување и компјутерска измама.

Според презмените мерки беше утврдено дека лицата организирано и координирано спроведуваат низа активности, на начин што истите подготвуваат СИМ картички и телефонски уреди, за да можат во периодот на гласањето да испратат поголем број на СМС пораки кои би влијаеле при изборот на првите три места на музичкиот „Скопски фестивал 2014“. Крајната цел на групата била да делува на резултатаите од гласањето, односно поделбата на фондот наменет за награди кој е обезбеден од страна на Министерството за култура во вкупен износ од 45.000 евра, а преку тоа влијаеле и на конечниот пласман на учесниците во фестивалот. Како лица организатори на таквите манипулации се четворица осомничени на возраст од 26 до 56 години, сите од Скопје, меѓу кои сопственик на една продукциска куќа, автор и композитор на песни, како и сопственик и управител на друштвото кое го организира телефонското гласање. Освен нив, постојат сомненија дека се вклучени и други лица ангажирани од страна на фирмата задолжена за спроведување на телефонското гласање, односно електронското следење на самото гласање. Четворицата првоосомничени се појавуваат во својство на организатори на криминалните активности и по претходен договор со лица вработени во мобилните телефонски оператори, купувале поголема количина мобилни телефонски апарати и СИМ-картички од трите мобилни оператори, кои што картички биле заведени на име ТЕСТ или на непостоечки лица со една или две измислени адреси (ул.„Беровска“ и „Партизанска“ ББ). Картичките биле активирани и подготвувани од вкупно четири IMEI односно ги отстранувале безбедносните  ПИН и ПУК кодови на набавените СИМ картички се со цел за нивно поедноставно користење за самото гласање.

Се претпоставува дека, организаторите за местењето на наградите и пласманот претходно се договарале со  учесниците-изведувачи, кои најчесто се однесувале за давање на услуги по однос на аранжмани за песни или спотови кои требало да бидат изработени од страна на продукциските куќи.

Манипулацијата и местењето на наградите е правено со кординирано испраќање на СМС пораки од страна на поголема група на лица кои се ангажирани од страна на организаторите на кои претходно им биле поделени СИМ-картичките. Истите биле лоцирани на две локации и во текот на гласањето гласале по однапред дадени инструкции (3х2х1 – три гласа давале за договорениот изведувач за прво место, два гласа давале за договорениот изведувач за второ  место и еден глас давале за договорениот изведувач за трето место и така гласале од добиените телефонски апарати и СИМ-картички). Од лице ангажирано од фирмата која го спроведувала телефонското гласање и обработка на пристигнатите СМС пораки од гласањето, добивале информации за текот на резултатите од гласањето, односно инструкции на кој од договорените изведувачи му требаат гласови, па истите да знаат како односно за кој изведувач да гласаат.

Со цел обезбедување на материјални докази врз основа на добиена Наредба од судија на претходна постапка по завршување на телефонското гласање, веднаш по завршување на фестивалот, започна претрес на две локации во Скопје каде што беа затекнати 14 лица, голем број телефонски апарати и околу 2500 СИМ картички од кои координирано се вршело испракање на СМС пораки по однапред дадени инструкции со цел да се влијае на конечниот распоред за првите три места.

Со исклучок на еден од четворицата првоосомничени кој се наоѓа во странство, останатите три лица се приведени во ПС „Кисела Вода“. Со нив и со уште едно лице е извршен информативен разговор. Тие побарале присуство на бранител по што одлучиле да молчат. Извршена координација со надлежниот ЈО и по документирањето на случајот, истите се ослободени, а против нив дополнително ќе биде поднесена кривична пријава во редовна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top