Глумецот Мајкл Даглас го има истиот дублер веќе 26 години. Тој одлучил да го покаже во јавноста каскадерот Мајк Ранјард за да покаже колку се слични и зошто толку долго се задржал како негов дублер.
Даглас објавил фотографии со дублерот од два филма, од кои едната е од филмот „Црн дожд“ од 1989 година, а втората од „Игра“ од 1997 година.
На фотографиите се гледа дека е голема сличноста меѓу нив двајца, па да не знаете дека е негов дублер, ќе помислите дека се браќа.
Инаку, Мајк Ранјар има успешна кариера како филмски дублер и покрај Мајкл Даглас, во критични сцени ги заменувал и Шон Конери и Харисон Форд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.