Малезија потроши 10 милиони долари за справување со двете авионски несреќи на националната авиокомпанија „Малезија ерлајнс“, изјави министерот за транспорт Лиоу Тионг Лај.
Парите се потрошени за потрагата по двата авиони, едниот кој исчезна во Индиски Океан, а другиот беше соборен во источна Украина. Во двете операции учествуваа вкупно 3.732 малезиски експерти.
Авионот на „Малезија ерлајнс“ на летот МХ370 со 239 патници исчезна еден час откако полета од Куала Лумпур кон Пекинг на 8 март. Се претпоставува дека авионот го сменил курсот и се упатил кон јужниот дел на Индиски Океан, каде што се урнал откако му снемало гориво.
Другиот авин на „Малезија ерлајнс“ на летот МХ17 од Амстердам за Куала Лумпур со 298 патници се урна на 17 јули во источна Украина, откако беше погоден од ракета. Во истрагата за несреќата, покрај малезиски, учествуваат и експерти од Холандија, Австралија и од Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Реакција од УНИЦЕФ: Четириесетгодишен маж се ожени со 10 годишно девојче
-
Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“ е завршена, ништо не е најдено, 239 луѓе се засекогаш исчезнати
-
На аеродром во Малезија запленети 18 рогови од носорози
-
Од следната сезона Малезија ќе ја нема во календарот на Формула 1