Големата награда на Малезија во Формула 1 оваа година последен пат ќе се вози како дел од Светскиот шампионат, изјави премиерот Наџиб Разак. Трката во Малезија е во календарот од 1999 година и по 17 години повеќе нема да постои.
– Формула 1 тркта придонесе нашата земја да стане дестинација на спортот и туризмот. Сепак, тоа повеќе не е исплатливо, трошоци се големи, а имаме и драстичниот пад на продажбата на влезниците – смета премиерот.
Малезија пред 18 години беше единствената држава од Азија по Јапонија, каде се возеше Формула 1. Денес Кина, Сингапур, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати ги надминаа споменатите две трки и ги истиснаа од календарот. Формула 1 ќе го зголеми своето присуство на пазарот во Северна Америка за сметка на Азија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.