| четврток, 6 декември 2018 |

„Лулка“ – претстава инспирирана од народното творештво, премиера на Народниот театар во Штип

Во претставата играат: Владимир Тулиев, Кристина Атанасова – Арсова, Пеце Ристевски, Марија Минчева, Миле Вратеовски, Ангелка Нашкова, Милорад Ангелов, Виктор Арев и Ефтим Трајчов Ѓаурски

plakata pretstava

Народниот театар „Ацо Шопов“ во Штип ја најави последна премиера за 2014 година. Претставата „Лулка“ е инспирирана од мотиви од народното творештво. Режисер е Андреј Цветановски, сценографијата е на Владо Ѓорески – Рафик, костимите се на Ана Кркулевска, композитор е Оливер Јосифовски.

Во претставата играат: Владимир Тулиев, Кристина Атанасова – Арсова, Пеце Ристевски, Марија Минчева, Миле Вратеовски, Ангелка Нашкова, Милорад Ангелов, Виктор Арев и Ефтим Трајчов Ѓаурски.

unnamed

Режисерот Цветановски изјави дека оваа претстава е создадена од сите чинители на претставата и претставува една колективна претстава во која актерската екипа дише како еден организам.

– Оваа актерска екипа што седи овде е навистина фантастична и многу креативна и можам да кажам дека од овој процес излегувам побогат за едно големо искуство – изјави Цветановски.

Актерката Кристина Атанасова – Арсова која студирала во класата на таткото на Цветановски, Владо, очекувала сличен пристап во работата.

– Принципот кој го носи Андреј е свој, посебен печат кој е многу современ, актуелен, што многу ми се допаѓа – изјави Атанасова-Арсова.

unnamed (1)

– Народната мудрост, низ вековите на овој наш македонски простор, била собирана преку усните раскажувања, прераскажувања, преданија, пораки и на тој начин тестаментално зачувана за сите времиња. Оваа претстава е обид да се пронајде тој архетип во нашево време. Овие народни преданија се обидуваме и сакаме да ги погледнеме од еден малку поинаков начин. Во сите тие мудрости на македонскиот народ е вткаено целокупното искуство во опстојувањето низ вековите. Таа мудрост, тие преданија биле осознаени од универзум, погледите на светот, на животот, генезата на нашите предци. Тоа е мудрост што не треба да се се заборави, не смее да исчезне, но исто така не смее да остане како обична приказна од некое друго време, бидејќи во нив се врежани универзалните пораки секогаш ќе бидат суштински за нас како народ. Значи една магична симбиоза, на универзалноста на пораките од приказните и можноста занивното метаморфозирање во склад со времето. Ете тоа е „Лулка“ – вели режисерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top