Во Загреб е уапсена поранешната уредничка на Хрватската телевизија Дијана Чуљак која е осомничена во аферата Кор медија, објави Јутарњи лист. Во таа афера нејзиниот поранешен сопруг Владимир Шелебај и уште четири луѓе се осомничени за неисплаќање 3,1 милион куни (409.000 евра) данок на додадена вредност и незаконско повлекување на повеќе од 2,11 милиони евра од компанијата Кор медија и Медиа спот.
Шелебај во истрага, но и на судење на поранешниот директор на Нова ТВ Синиша Свилан сведочел дека Кор медија е основана исклучиво на иницијатива на Дијана Чуљак, и дека таа имала половина учество во фирмата и дека поделувале заработка. Таа негира дека со поранешниот сопруг имала таен договор со кој треба да се прикрие нејзиниот судир на интереси бидејќи во тоа време работела во ХТВ, а Кор медија работеле емисии за конкурентска телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.