| четврток, 6 декември 2018 |

Загинат и тешко повреден во сообраќајка

soobrakajkaИгор Рипилоски (34) од Кривогаштани го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово пред влезот на селото.

Во незгодата е повреден Пеце Митрески (24) кој веднаш е префрлен на лекување во прилепската градска болница.

Според истражниот судија Јованка Иваноска, до несреќата дошло околу 5.30 часот кога од засега непознати причини автомобилот марка голф со битолски регистерски таблички удрил во бетонски електричен столб. Возачот Рипилоски починал на самото место.

Истражниот судија нареди обдукција на телото на загинатиот за да се утврдат причините за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top