Пејачот Боно во средата, заедно со германскиот министер Герд Мулер, летал од Даблин кон Берлин на доделувањето на музичките награди. Патувањето, благо речено, било трауматично бидејќи дел од авионот испаднал во лет.
Биле во воздух на околу 2.500 метри височина, кога пилотот забележал дека вратата од просторот за багаж испаднала.
Боно и министерот останале без својот багаж, но, сепак, се среќни што останале живи.
– Летале еден час кога слушнале врева во задниот дел на авионот. Се уплашиле, а кога слетале, им кажале дека вратата и дел од просторот за багаж се одвоиле и испаднале за време на летот – изјавил близок пријател на пејачот.
Авионот „лирџет 60“ Боно го платил 50 милиони фунти. Вратата што испаднала од авионот била со димензија 80 на 100 сантиметри. Кога испаднала, пилотот испратил повик за помош за да можат на аеродромот да се подготват за слетување на авион со дефект. Слетувањето било малку компликувано, но, сепак, никој не е повреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.