| четврток, 6 декември 2018 |

Тениски раритет во Лондон, осум од осум дуели на мастерсот завршија во два сета

Најдобрите осум тенисери во 2014 година играат во Лондон во „О2“ арената на завршниот мастерс куп, а неизвесност речиси и да нема. Вистински раритет е што досега се одиграа 8 меча во фазата по групи и сите завршија со резултат 2-0 во сетови. Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се најубедливи со по две победи, а Вавринка, Бердих, Ничикори и Мареј имаат скор 1-1 во победи и порази.

BNP Paribas 2014 Masters Tennis Tournament

Најлошо пред последната решавачка рунда стојат фенерџиите во двете групи Марин Чилиќ и Милош Раониќ.

Денеска од 15 часот со мечот меѓу Нишикори и Раониќ ќе почне разврската во Б групата, каде последниот дуел ќе го одиграат Федерер и Мареј од 21 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top