Друштвото на писателите на Македонија утре (петок, 14 ноември) во 12 часот организира омаж за истакнатите македонски писатели Видое Подгорец и Љубен Ташковски. Повод за оваа средба е 80-годишнината од раѓањето на Видое Подгорец и 20-годишнината од смртта на Љубен Ташковски. За животниот и за творечки пат на Видое Подгорец ќе зборуваат Стојан Тарапуза, Александар Поповски, Киро Донев и Перо Миленкоски, а сеќавања за Љубен Ташковски ќе евоцираат Михаил Ренџов, Данило Коцевски и Санде Сточевски. Стихови од Подгорец и од Ташковски ќе чита Александра Велинова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија