Во контролирана експлозија во Швајцарија е срушен 12 катен облакодер во швајцарскиот град Арау. Ова е прво рушење на некоја повисока зграда во историјата на иваа земја.
Бизнис-облакодерот висок 45 метри во швајцарскиот град арау е срушен минатата ноќ во контролирана експлозија, за кое е организиран и свечен момент. На самата зграда можело да се види одбројување, како да се дочекува новата година или лансирање на вселенско возило. Целиот спектакл бил направен бидејќи станува збор за прво контролирано рушење на облакодер во историјата на Швајцарија.
Експертите тврдат дека се поминало без и најмала грешка, биле прецизни како швајцарски часовник.
Срушената 12 катна зграда е изградена во 1966 година, а на нејзино место ќе никне нова градба за мешана намена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Инвеститорот на објектот кај „Мајчин дом“: Ќе поднесам тужби ако ми се кочи градбата