Синоќа во Лондон се одигра пријателски натпревар меѓу светскиот вицепрвак Аргентина и репрезентацијата на Хрватска која настапи без своите први ѕвезди Модриќ, Ракитиќ и Манџукиќ, додека Аргентина настапи со најсилниот состав.
Аргентина победи со 2-1 со целосен пресврт во вториот дел, и тоа доста среќно со головите на одбранбениот играч Ансалди и Меси од пенал.
Шарбини ја доведе репрезентацијата на Хрватска во водство од 1-0 во 11. минута. По една добро изведена акција тој со прецизен удар го совлада голманот Ромеро.
Во вториот дел Ансалди успеа да упати удар од преку 20 метри. Топката го закачи Агуеро, го смени правецот и заврши во горниот лев агол од голот на Калиниќ.
Во 57. минута Меси одлично го проигра Агуеро во казнетиот простор, овој стигна прв до топката пред Калиниќ, кој направи прекршок и судијата мораше да покаже на белата точка. Сигурен реализатор беше Меси.
Argentina vs Crotia (2-1) Full Highlights ~ 12… by rubin7190
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)