Поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Радовиш, на традиционалната поетска манифестација Караманови средби, која годинава се одржува по 41. пат. Во знак на чествување на македонскиот поет и револуционер Ацо Караманов, в сабота (15 ноември) во Домот на културата во Радовиш ќе учествуваат истакнати македонски поети од повеќе генерации. Љубителите на поетскиот збор на оваа средба ќе имаат можност да го проследат настапот на Славе Ѓорѓо Димоски, Раде Силјан, Ресул Шабани, Елена Пренџова, Стојан Тарапуза, Делвина Керлуку, Веле Смилевски, Виолета Танчева Златева, Бранко Цветкоски, Борче Панов, Игор Крајчев, Трајче Кацаров, Кочо Топузоски, Марина Мијаковска и Христо Петрески. На отворањето на средбата ќе зборуваат претседателот на Советот на манифестацијата Караманови средби Борче Панов и претседателот на ДПМ Веле Смилевски. Договорено е средбата да има традиционален карактер и таа секоја година да се одржува во соработка со манифестацијата Караманови средби.
Караванот на Друштвото на писателите на Македонија се организира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија


