| четврток, 6 декември 2018 |

Кој сѐ се кани во американскиот Стејт депармент

Активистка против проверка на девственоста во Египет била поканета на церемонија со Обама и Кери. Потоа откриле ѝ откажале бидејќи со години пишувала антиамерикански пораки на Твитер.

Samira-Ibrahim-an-Egyptian-activist-attends-a-demonstration-in-front-of-the-Saudi-Arabian-embassy-in-Cairo-on-April-24-2012Седмата традиционална награда за храбрите жени на американскиот Стејт департмент ја примија само 9 од 10 најавено почесни активистки. Еѓипќанката Самира Ибрахим, една од десетте најавени, нема да ја добие наградата, соопшти Стејт департментот.

Свеченоста во американскиот Стејт департмент по повод меѓународниот ден на жената беше во чест на девет жени кои се истакнале со храброст и борба за човековите права. Особена почит беше изразена кон Самира Нирбхаја, Индијката која беше убиена во брутално силување што предизвика бура од реакции во земјата. На церемонијата присуствуваа и првата дама Мишел Обама и државниот секретар Џон Кери.

Но, сепак церемонијата помина во знакот на Самира Ибрахим, египетска активистка на листата истакнатите женски активисти поканети во Вашингтон. Во последен момент нејзиното име беше повлечено од списокот, откако беш откриено дека на социјалните мрежи со години оставала екстремни пораки во кои се навредуваат САД и Израел.

„Денес е годишнината на 11 септември, и секоја година нека гори Америка“, напишала Ибрахим на Твитер. На денот на терористичкиот напад во бугарското пристаниште Бургас во кој беа убиени пет израелски туристи и нивниот возач, таа напишала „Ова е среќен ден, полн со среќни вести“. Медиумите открија дека објавувала и цитати од Хитлер во кои се искажува омраза кон Евреите.

По првичната одбрана дека таа не е автор на пораките, на крајот Стејт департментот реши да ја повлече поканата за Самира Ибрахим. Таа беше поканета како активист против праксата на вршење проверки на девственоста на жените во Египет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top