| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто е важно да го имаме Тед Круз на наша страна: Сенаторот на Тексас потпиша за гонење на Бејли

Писмото до американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за истрага против Џорџ Сорос, американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) и амбасадорот во Македонија, Џес Бејли го потпиша највлијателниот американски сенатор, Тед Круз.

Круз доаѓа од најголемата сојузна држава која ги поддржува републиканците, Тексас, од каде што доаѓа и сегашниот државен секретар, Тилерсон.

Тој беше во фокусот на јавноста за време на претседателските избори во САД. Круз беше главниот противник на Трамп за време на внатрепартиските прелиминарни избори за кандидат на Републиканската партија.

Сенаторот од Тексас беше голем противник на претходниот американски претседател, Барак Обама. Во 2015 година го обвинуваше тогашниот претседател дека потпишувањето на интернационалниот нуклеарен договор со Иран ќе ги направи Обама и неговата администрација, лидери во светот по финансирање на радикалниот исламистички тероризам.  Круз ја обвини администрацијата на Обама и за нападот во ноќниот клуб во Орландо, минатата година, посочувајќи дека напаѓачот бил на листата на потенцијални терористи на ФБИ, но власта не се занимавала со него.

kruz-tilerson-640x427

Меѓутоа, иако со Трамп беа лути ривали за време на прелиминарните внатрепартиски избори, сепак Круз го поддржа за време на претседателската кампања, и неколку пати посочи дека е одлично што Трамп избира млади кадри во неговата администрација.

Круз дипломирал во 1992 година на Универзитетот во Принстон, а потоа и на Харвард во 1995 година. Покрај многубројните раководечки позиции на кои што работел во неговата кариера, сенаторот од Тексас од 2004 до 2009 година бил и професор на Правниот универзитет во Тексас.

Од 2012 година досега, Круз е Сенатор на Сојузната Држава Тексас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top