Фудбалскиот натпревар меѓу Стопанската Комора на Македонија (СКМ) и Советот на странски инвеститори, одигран денеска на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ заврши нерешено 5:5.
Селекцијата на СКМ беше предводена од тренерот Бранко Азески кој е претседател на Комората и од капитенот Илчо Ѓорѓиоски, прв човек на фудбалската федерација.
Тренер на „странците“ беше Хуан Педро Наваро – претседател на „Арчелор Митал“, а капитен поранешниот македонски репрезентативец Илија Најдоски.
Во составот на репрезентацијата на домашните компании беа и Иван Стојановиќ и Петар Трпески (Шпаркасе Банка), Благо Христов (Телеком), Александар Цуцковски (Кадино индустри груп), Михајло Брова Зиков (Комерцијална Банка), Николче Петкоски (Еуростандард), Кочо Анѓушев (ЕФТ), Горан Манов (Орка холдинг), Арслан Хајредини (Империјал Тобако), Сашо Деспотовски, Митко Митевски и Снежана Камиловска (СКМ).
За „странците“ покрај Најдоски настапија и Алпер Ерсој Тунга (ТАВ), Есфер Али (Џеваихир Холдинг), Тони Стојановски (Стопанска Банка), Ило Ристовски (Сава Осигурување), Тоше Коцевски (Пикон), Ристо Јаневски (ОКТА), Томче Тасевски (Халк Банк), Игор Гиевски (ЕВН), Александар Недев (Џонсон Мети), Влатко Стојановски (Совет за странски инвестиции) и Наваро (Арчелор Митал).
Овој натпревар е реализиран, откако во понеделникот беше договрено зајакнување на соработката меѓу Стопанската комора на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија, а во таа насока беше потпишан и Меморандум за соработка во насока на унапредување на корпоративната општествена одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.