Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез во неговата автобиографија откри дека се чуствувал како криминалец, бидејќи ФИФА го суспензираше четири месеци поради тоа што го гризна Кјелини.
– Ме третираа како криминалец. Признавам дека сум виновен, тоа ми беше трет инцидент, а поради тоа побарав лекарска помош – изјави Суарез.
Уругваецот се спореди со Тајсон кој во 1997 година му одгриза дел од увото на Ивандер Холифилд.
– Ниеден од моите загризи не беше опасен како оној на Тајсон, но тоа не му е битно на никого – се пожали Суарез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.