| четврток, 6 декември 2018 |

Русите не му плаќаат на Капело

Фудбалскиот сојуз на Русија призна дека не може веќе да обезбеди пари за платата за селекторот Фабио Капело.

– Можам да потврдам дека Фудбалскиот сојуз на Русија (ФСР) едноставно веќе нема пари за плата за селекторот Фабио Капело. Со ова секако не можеме да се гордееме, но кога веќе потпишавме договор со него, моравме да размислуваме за изворите на финансирање за неговите примања. Ќе мора да пронајдеме спонзори, изјави Сергеј Степашин, член на Извршниот одбор на ФСР.

Италијанскиот стратег веќе пет месеци нема добиено плата која изнесува девет милиони евра годишно. 68-годишниот Капело на чело на руската фудбалска репрезентација дојде 2012 година.

Во богатата тренерска кариера работел како селектор и во англиската репрезентација, а ги предводел и екипите на Реал Мадрид, Јувентус, Рома и Милан.

Со „зборнаја“ на почетокот од годинава го продолжи договорот до 2018 година за кога е закажан Мундијалот кој треба да се одржи токму во Руисја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top