| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ ветува индустриска зона кај Караслари

vmro-miting-10
Напредокот на општината значи и придонес кон напредокот на државата. Тоа е и мотивот поради кој се вклучив во изборите. Заедно со ВМРО-ДПМНЕ да ја оствариме визијата за изградба на Општина Велес како една современа и просперитетна општина, нагласи на прес – конференција Славчо Чадиев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за општина Велес.

-Нашата цел ќе биде да продолжиме да вложуваме максимални напори за зголемување на економскиот раст во нашата општина. Создавајќи предуслови за локален економски развој и нови вработувања, ќе продолжиме да ги развиваме индустриските зони во УЗУС и Речани, а ќе отвориме и нова близу село Караслари. Примарна цел ќе биде да привлечеме нови инвеститори, да се отвораат нови фабрики- рече Чадиев.

Тој најави дека ќе се донесат нови, ќе се изменат и прошират постоечките детални и генерални урбанистички планови, а ќе се изгради затворен пазар и нов трговски центар. Чадиев вети и реконструкција на улиците,  воведување нов сообраќаен режим во градот, со изградба на кружни текови, поставување семафори и решавање на партерното паркирање, како и изградба на нови спортски игралишта, но и уредување на градскиот стадион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top