| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Анистон конечно со одговор на прашањето „Како нашла сила да му прости на Бред Пит“

jenifer aniston

Познатата глумица Џенифер Анистон конечно го открила одговорот на прашањето кое многумина со години и го поставувале: Како нашла сила во своето срце да им прости на Бред Пит и на Анџелина Џоли за изневерата?

Талентираната глумица конечно ја пронашла својата среќа со вереникот Џастин Тероу, но нејзиниот пат до пронаоѓање на вистинската љубов не беше лесен.

Откако ја изневери поранешниот сопруг Бред Пит и ја изложи на јавно понижување кога ја напушти поради Анџелина Џоли, Џенифер сепак нашла сила да му прости.

„Јас сум личност која простува. Мислам дека е многу важно да знаете да простувате. Во спротивно си создавате себеси негативни мисли. Нема ништо полошо од тоа кога носите со себе тежина која ви пречи. Луѓето често умеат да направат непростливи грешки, но вие морате да научите да го тргнете тоа од вашиот живот“, изјавила Анистон и додала дека секое човечко битие на оваа планета може да направи грешка.

„Тоа е исто како кога би земале отров за глувци и чекате глушецот да умре“, објаснила таа.

Глумицата исто така изјавила и дека предавството од страна на Бред ја подготвило за вистинската љубов која на нашла Џастин.

Таа исто така изјавила: „Ми беше многу важно да созреам како жена. Џастин е најпрекрасниот човек кој што некогаш сум го запознала“.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top