Вечерва на „Скопскиот фестивал“ кој ќе се одржи во „Метрополис Арена“, Македонија ќе го добие новиот претставник на јубилејното 60-то издание на Евровизија, која во 2015-та година ќе се одржи во Виена, Австрија.
Победникот покрај паричната награда, ќе ја претставува нашата земја во Европа. Уште една новост е и локацијата на одржување на фестивалот.
Ова се изведувачите кои ќе се обидат да ги добијат симпатиите на публиката. Лена Златкова, Тања Царовска, Даниел Кајмакоски, Вера Јанковиќ, потоа дуетот Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски, Евгенија Чанчалова Еги, Александра Михова. Потоа има уште еден дует, а тоа е Лидија Кочовска со Маријан Стојановски, потоа Јоце Панов и повторно два дуети, Сања Керкез со Горан Наумовски и Тони Михајловски со Александар Тарабунов. По нив настапува Александра Јанева, Мијата, Тамара Тодевска, Сања Ѓошевска, Наде Талевска, Викторија Лоба, Верица Пандиловска, Нина Јанева и како последен настапува Димитар Андоновски.
Начинот на гласање е идентичен со евровизискиот модел, односно по системот на телефонско гласање и оценување од страна на меѓународно стручно жири од седум европски радиодифузни сервиси во сооднос 50-50. Најдобрите три композиции ќе добијат и парични награди.
Првото место покрај тоа што ќе биде претставник на Македонија за Евровизија, ќе добие 20.000 евра, 10.000 за второ место и 5.000 за трето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.