Вчеравечер во Гевгелија се одржа првата работилница од караванот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) под наслов „Гласот на младите: Иднината што ја сакаме“.
Младите дебатираа, изнесуваа факти и зборуваа за приоритетите на кои што треба да се работи за да се обезбеди подобра иднина за идните генерации. Квалитетни работни места, подобро образование, подобри здравствени услуги и зачувување на животната средина – се според младите од Гевгелија приоритетни теми на кои што треба да се работи.
– Многу е важно да се инвестира во младите и да се создадат повеќе можности да се слушнат нивните потреби, идеи и нивната визија за иднината. Во следните 10 дена ќе се одржат уште три работилници со млади во неколку различни града. Сите идеи и предлози што ќе се соберат од младите ќе бидат презентирани на 18 ноември на регионална работилница – за време на која уште 17 земји ќе зборуваат за потребите на младите. Ова е своевидно продолжување на светската дебата за усвојувањето на новите одржливи развојни цели кои и официјално ќе бидат усвоени на Генералното собрание на ООН во 2015 година, а ќе се стремат кон целосно искоренување на сиромаштијата во светот, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, достигнување на родовата еднаквост и рамномерен одржлив развој – велат од УНФПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ
-
Tрагедија во Гевгелијa: Во сообраќајка загина 27-годишно момче, лекарите се борат за животот на сопатникот
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!
-
Бугарин го фати крстот во Гевгелија