На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ денес после 11 часот почнаа да се собираат приврзаниците на Српската радикална странка за да го дочекаат нивниот лидер Војислав Шешељ кој после 12 часот и 30 минути треба да пристигне со редовен лет од Холандија.
Насобраните носат партиски знамиња, маици и беџеви со ликот на Шешељ, а организирано е и обезбедување.
Присутни се и голем број странски и домашни новинарски екипи, а функционерот на СРС, Милорад Мирчиќ наведе дека Шешељ ќе се обрати пред присутните.
Лидерот на српските радикали помина 12 години во притвор.
Во меѓувреме излезе првата ексклузивна фотографија на српски Курир од авионот во кој Шешељ патува за Белград.
Фото: Курир. рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)