Глобалните трендови во автомобилскиот сектор, предвидувањата за следните три години, како и зголемената партиципација на производителите на компоненти во вкупната вредност на крајниот производ – автомобилот беа главниот фокус на Годишната конференција на производители на автомобилски компоненти – ОЕСА Аутлук Конференс што се одржа во Детроит, САД, а на која учествуваа и директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, генералниот конзул во Детроит Елена Зарковска и економскиот промотор во Чикаго Дејан Величков.
Македонија на конференцијата се претставува со промотивен штанд веќе трета година по ред. Штандот беше одлично посетен од голем број претставници на автомобилски компании кои најавија вклучување на Македонија во нивните анализи за нови локации во Европа. Македонската делегација оствари и директни средби со неколку компании со кои се во напредна фаза на преговори за донесување одлука за отворање на свои капацитети во Македонија во блиска иднина.
Конференцијата е во организација на Асоцијацијата на производители на автомобилски компоненти во САД, која е најголема и највлијателна организација за компаниите во автомобилскиот сектор. На конференцијата учествуваа повеќе од 700 директори и претставници на компании производители на компоненти како и претставници од најголемите светски производители на автомобили Џенерал Моторс, Форд, Тојота, Хонда, Крајслер, Фолксваген и Дајмлер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска
-
Фирмата „Деклус-ауто“-донатор на СДСМ повторно доби тендер за возила
-
Џенерал Моторс ќе користи 3-Д печатачи за производство на автомобилски делови