Роџер Федерер е на добар пат да игра во полуфиналето на Мастерс купот во Лондон, по денешната победа над Кеи Нишикори во два сета со 6-3,6-2. Најтрофејниот тенисер на денешницата експресно испорача победа во главниот град на Англија, уште еднаш потврдувајќи ја високата класа. Првиот дуел од втората рунда заврши за нешто повеќе од еден час.
Федерер сега има две победи од два меча на завршниот турнир во сезоната и е лидер во Б групата со 4 бода и сет количник од 4-0. Во премиерниот меч, Швајцарецот го декласира и Милош Раониќ со 2-0 во сетови.
Вечерва од 21 часот Енди Мареј и раониќ ќе играат за сефте победа во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



