| четврток, 6 декември 2018 |

Договорот ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ помина во ДИК

izbori peiДИК го прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ која побара повлекување на кандидатските листи за советници во Струга и Кичево, а претходно СДСМ најави дека за возврат на тоа ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во двете општини. На тоа се спротивставија членовите на ДИК од ДУИ и ДПА Субхи Јакупи и Бедредин Ибраими, според кои, одлуката е противзаконска. Ибраими предупреди дека ова може да предизвика етнички тензии во државата.

Останатите пет членови на ДИК сметаат дека потегот на владејчката партија да ги повлече советничките листи е нејзино дискрециско право, бидејќи токму таа е подносител на тие листи. Анета Стефановска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека СДСМ како учесник во изборите има право да го избира својот партнер и никој не може тоа да и го ускрати.

Потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи пред гласањето ја напушти седницата на Комисијата, а Ибраими гласаше против.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top