„Можеш ти шупакот на тие твоите налогодавци само да го погодиш зашто тоа ти е природна средина за опстанок“- ова е јавен исказ на Софија Куновска, избран пратеник во македонскиот Парламент, упатен кон новинар преку социјалните мрежи. Ова е нејзината реакција на ставот на новинарот Цветин Чилиманов, кој што даде свое видување на најавената партиска активност на СДСМ, и тоа најавена токму од Куновска, за денот на ослободувањето на Скопје.
Чилиманов напиша „Секоја чест и слава на ослободителите на Скопје и честит (однапред) 13 ноември! Нивното дело почна да се понижува и гази веќе на 14 ноември 1944, првин со општиот грабеж, а потоа со воведувањето на тоталитарниот, еднопартиски, полициски систем на СКМ. Петокраките би ви кажал каде да си ги напикате, ама деца читаат па не смеам“.
Со ова продолжуваат нападите и притисоците на СДСМ врз медиумите и новинарите. Притоа речникот кој што го употребуваат истакнатите членови на СДСМ против медиумите, новинарите и другите навидум неистомисленици на социјалните мрежи, ги надминува границите и на вкус и на етичките норми на однесување.
Неодамна цел на ваков директен, дрзок и вулгарен напад од седиштето на СДСМ на улицата Павел Шатев, поранешна „Бихаќка“, доживеа новинар од телевизијата „24 вести“, затоа што поставила прашања до генералниот секретар на партијата.
На тоа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


