Четири албански државјани, од кои три женски лица З.М. (20), Б.М.(17) и К.Л.(24) и едно машко лице Г.П. (22) синоќа околу 19 часот биле приведени од полицијата откако биле затекнати на улицата „Илинденска“ во Тетово во непосредна близина на Брвеничката крстосница, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан
Јосифовски.
Според него, четворицата легално влегле во нашата земја, поседувале соодветни документи, но сите непријавено престојувале на подрачјето, а една од девојките и нелегално работела во угостителски објект.
– По приведувањето и задржувањето албанските државјани биле предадени на отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошн постапка. Денеска тие се изведени пред судија за прекршоци во Основниот суд Тетово и изречени им се парични казни и забрана за влез во Република Македонија во траење од една година по што ќе следи нивно депортирање во матичната земја, изјави Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.