| четврток, 6 декември 2018 |

Доделени наградите „13 ноември“, Иџе со награда за врвни достигнувања во спортот

Автомобилистот Игор Стефановски Иџе е спортист на годината и ја доби наградата „13 ноември“ што се доделува за врвни спортски достигнувања.

Sojuz na sportovi nagradi 2 (Custom)

Годинашни добитници на престижното признание се и професорите по физичко образование Игор Зафировски и Енвер Мифтари, потоа и алпинистот Здравко Дејановиќ за особено достигнувања. Тренер број 1 е Иван Лесовски, а најдобар спортски работник е Панче Јакимовски.

Sojuz na sportovi nagradi 3 (Custom)

Комисијата за награди и признанија одлучи наградата за спортски новинар да ја добие Перо Момировски од ТВ Алфа, за животно дело награден е Лазар Лечиќ, а за шах фиде мајсторот Димитар Илиевски. Наградени се и спонзорите Дејан Панделески и Сергеј Самсоненко, како и екипата на ЖРК Вардар.

Sojuz na sportovi nagradi 1 (Custom)

Наградите се доделени согласно критериумите за доделување на наградата 13 Ноември на Сојузот на спортови на Скопје, а беа доделени денеска на свечената седница на која присуствуваа бројни спортисти, спортски работници, спонзори и новинари.

Sojuz na sportovi nagradi 5 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top