Либискиот град Дерна кој се наоѓа на медитеранското крајбрежје со години се смета за озогласен либиски центар за исламските радикали. Пред десетина дена бил одржан собир на џихадистите на кој се заколнале на верност кон Исламска држава.
Исламистите го прогласиле градот Дерна за прв град надвор од Ирак и Сирија кој се придружува на калифатот наречен Исламска држава, па со обичаите на оваа организација Дерна веќе станала упориште на јавни егзекуции, камшикување на оние кои не го почитуваат шеријатското право, како и присилна сегрегација на учениците.
По превземањето на овој град, сега на чело е емир идентификуван како Мухамед Абдула, јеменски милитант кој од Сирија е испратен во Дерна. Освен тој, на почетокот на година од Сирија и Ирак пристигнале многу муџахедини како би создале клима за превземање на градот под нивна контрола.
Застрашувачки е фактот како всушност Дерна може да стане модел за понатамошно ширење на Исламска држава низ светот. Имено, во Либан неодамна е забележан случај кога војската заробил голем број на екстремисти за кои се верува дека планирале да завземат неколку села на северот од земјата и во нив да прогласат калифат, анализира српска „Правда“.
Во целиот тој регион неколку џихадистички групи се обврзале на верност кон својот водач Абу Бакр ал-Багдади. Но никаде не е забележана таква единствена територија како што е Дерна.
Екстремистите од Дерна направиле свое упориште во 1980-ти и 1990 години во текот на побуната против Гадафи. Токму Дерна била главен извор на либиски џихадисти и бомбаши самоубијци кои делуваа во Ирак после американската инвазија. Оваа пролет голем број од либиските џихадисти со група борци на Исламска држава се вратиле во Дерна.
Денес сите владини згради се обележани со знакот на Исламска држава, а низ градот патролираат автомобили со логото на ИД. Машките деца се одвоени од женските, предметите историја и географија се исфрлени од училиштата…
Воглавно, се случува копија на Исламска држава каква што е позиционирана во Ирак и Сирија.
Извор: Правда.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.