Милиони емигранти чекаат да го преминат Медитеранот и да пристигнат во Европската унија, предупреди словенечкиот премиер Миро Церар во интервју за „Билд ам зонтаг“, нагласувајќи дека ситуацијата е мошне сериозна.
На прашањето дали неговите оценки се премногу драматични, Церар изјави дека Словенија прва предупредувала на последиците од големата миграција на балканската рута, во што многумина не верувале, но подоцна се покажало како точно.
– Низ Словенија тогаш дневно преминуваа и десетина илјади луѓе, а со оглед на тоа дека Словенија има два милиона жители, тоа е како во Германија во еден ден да пристигнат половина милион емигранти – рече Церар.
– Ако ЕУ не ги спречи масовните неконтролирани миграции, наскоро нема да има што да контролира – рече словенечкиот премиер, нагласувајќи дека неконтролираните емиграциски бранови би можеле да го уништат она што генерации Европејци го создавале за да го постигнат денешното ниво на безбедност и благосостојба.
Церар смета и дека Европа би морала и натаму да прима бегалци од подрачјата загрозени од војна, но само толку колку што е нејзинот вистински капацитет, но не и економски мигранти, чиишто животи не се згрозени.
Тој смета дека германската канцеларка Ангела Меркел била „преголем оптимист“ во поглед на интеграцијата на емигрантите и оти нејзината политика на отворени врати предизвикала проблеми, кои можат да се повторат доколку дојде до нов емиграциски бран од Африка преку медитеранската рута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти