| четврток, 6 декември 2018 |

Аларм од ОН: Вирусот Зика стигна на Медитеранот

Епидемијата на вирусот која кај бебињата предизвикува сериозни компликации ова лето би можел да ги погоди Хрватска, Грција, Црна Гора, Италија и други дестинации популарни мешу туристите. Од Обединетите нации стигна предупредување дека сите оние кои планираат претстојниот годишен одмор да го поминат на Медитеранот да бидат внимателни.

– Секоја европска земја во која живеат комарци од родот Aedes, се наоѓа во опасност од епидемија. Почнувањето на летото и зголемените температури ќе го влошат тоа, вели Жужана Јакаб, директорка на Светската здравствемна организација.

Се советува носење облека со долги ракави, користење на репеленети за инсекти и мрежи за прозорците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top